
„Политички структури и ФФМ ја фаворизираат Воска – Вардар е поголем од желбата да го згаснете“
Комити се бесни на политичкото фаворизирање на Воска, зад која стои локалниот моќник Нефи Усеини од Охрид, кадар на владејачката ДУИ и за аминот и поддршката што ја има од куќата за фудбалот. Комити им порачаа дека желбите да згасне Вардар и сите местенки нема да им успеат.
Навивачите побараа реакција од Вардар за сите тенденциозни судења во корист на Воска, која и во минатото охридско дерби победи со пенал, ама тогаш во 95-та минута.
Целата реакција на Комити ви ја пренесуваме во целост.
„ИГОР СТОЈЧЕВСКИ Е ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА КРИМИНАЛНОТО И ПАРТИЗИРАНО ФФМ!
Цела сезона сме сведоци на јасното фаворизирање на фудбалскиот клуб Воска од страна на политички структури, секако со целосна поддршка од страна на Фудбалската Федерација на Македонија. Денешното, во најмала рака срамно судење од страна на судијата Игор Стојчевски е уште еден доказ дека фудбалот во Р. Македонија не се игра за навивачите туку исклучиво за политичките елити! Ние нема да молчиме. Бараме од ФК Вардар да се огласи по повод денешното и по повод сите изминати тендециозни судења кои оделе во корист на Ф.К. Воска.
ФК ВАРДАР е поголем од сите ваши местенки и желби да го згаснете !
Ова не е амнестија за нашите лоши партии, за лошата поставеност во клубот на сите нивоа, за неискреноста, за неисполнетите ветувања за голем Вардар !
За тоа нема оправдување и никој нема да прости доколку не влеземе во прва лига !
Но тенденциозноста е очигледна, и повторно денес, како и предходно низ историјата сме опструирани од локални моќници - феудалци, порано беа Харалампие, потоа покојните Ѕинго и Таковски... Но да не заборавиме, тогаш бевме опструирани за титулата прваци, а денес за второ место во втората лига !
Воедно честитки за денешната победа на гостувањето кај Велешта“, се вели во реакцијата на најверните вардарци.