Победа е најблизу до спас, а во најлудо сценарио Пелистер може да го опстане Скопје!

Откако македонската Прва лига дојде до последните час и половина пред крајот на сезоната, битката за опстанокот остана отворена, но полека се надѕира разрешницата на сезоната во трката за прволигашкиот живот, во која битолски Пелистер е во најнезавидна положба и со една нога во Втората лига.

Не дека Пелистер нема шанса за спас, арно ама има најтешка задача. Прво да ја победи Шкендија среде Тетово, а плус Победа и Скопје да не триумфираат во своите мечеви во кои прилепчани се домаќини на Ренова, а „пиратите“ му гостуваат на Работнички. Интересно, дури и Победа и Скопје да загубат, на Пелистер не му игра ни бод од Тетово, затоа што е – најслаб во мини-табелата. Затоа за Пелистер игра само една математика – триумф во Тетово и најмалку ремија на двата други ривали.

Како што стојат сега работите, Скопје и Победа имаат по 35 бода, но најлесно им е на прилепчани затоа што играт против Ренова, која нема ниту што да добие, ниту што да загуби од меѓусебниот меч. Од друга страна Скопје оди на мегдан кај Работнички, кој сè уште не го обезбедил пласманот во Европа и оттаму сино-белите имаат и тоа како тешка задача против дебармаалци.

Но, ако Победа слави над Ренова, практично и сè ќе заврши затоа што во меѓусебниот дуел на прилепчани со Скопје, ако и „пиратите“ го победат Работнички би имале подобар меѓусебен скор за еден гол. Победа и Скопје во меѓусебните дуели имаат по две победи. Победа триумфираше со 4-1 и 1-0, а Скопје двапати пролетва со 1-0. Но, во гол-разликата Победа е подобра за тие 5-4 во тој меѓусебен дуел.

За спас на Скопје, потребно е помош од Ренова, но постои и најлудо сценарио каде што „пиратите“ може да се спаси и тоа верувале или не со помош на Пелистер. Потребно е и Скопје и Победа да загубат, а Пелистер да освои еден бод. Во тој случај трите екипи би имале по 35 бода и би се направила мини-табела, а во неа најдобар е – клубот од Автокоманда.

Математиката вели, Скопје со Победа има две победи и два порази (шест бода), а со Пелистер две победи и две ремија (8 бода). Или вкупно 14, со што се убедливо најдобри. Затоа што Победа и Пелистер во меѓусебните дуели имаат три ремија и еден триумф на битолчани, па оттаму, Победа би била втора со 9 бода (двата тирумфи со Скопје и трите ремија со Пелистер), а битолчани би биле последни со осум бода (победа и пет ремија)