Осминафиналист и Гостивар, Победа немаше сили за изненадување
Од самиот старт Гостивар доминиташе на теренот, па и по 10 минути игра стигна до водство со погодокот на Иван Ивановски. По нешто повеќе од половина час игра Машике се погрижи и за 2-0.
Со предноста од 2-0 гостиварци заминаа на паузата, а по 20-тина минути игра Ајдини стрелаше за 3-0. Се играше 69. минута кога Победа го постигна утешниот гол на оваа средба.
До крајот видовме по некоја прилика и на двете страни, но резултатот не се промени.
Во натпреварите кои се играа претходно, пласман во осминафиналето обезбедија екипите на Воска Спорт и Македонија Ѓорче Петров.