Ново засилување во Кавадарци - Спиркоски дојде во Тиквеш

Македонскиот прволигаш Тиквеш претстави уште едно засилување за следната сезона, а тоа е Благоја Спиркоски кој доаѓа од редовите на Гостивар.

Спиркоски потпиша едногодишна соработка со екипата од Кавадарци и стана трето засилување за Тиквеш, кој претходно ги промовира Ибиши, Даниел Мојсов и Марио Гасама.

Овој 26-годишен фудбалер претходно настапуваше за Шкупи, Силекс, Пелистер, Македонија ЃП и Победа.