Ново засилување во Дебар Маало: Егзон Белица по 12 години се врати во Работнички
Белица доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Приштина, а во Работнички беше дел во сезоната 2010/11, откако дојде од Беса, а потоа замина во Охрид и оттаму во романска Конкордија. Последен пат стоперот во Македонија играше пред девет години, кога беше дел од Шкендија и потоа настапуваше во странство – во фински Интер, летонска Рига, албански Партизани и косовска Приштина.
Белица е шесто летно засилување откако дојдоа Мевљан Мурати после завршување на договорот со Шкендија, Рашид Содик, доскорешниот стопер на Скопје, екс-репрезентативниот напаѓач Влатко Стојановски, екс-младинскиот репрезентативец Петар Петковски и вчерашното репрезентативно засилување во фудбалерот за врска Томче Гроздановски, кој играше за Злате Моравче.
Патем, Работнички летово продолжи со најголем дел од клучните фудбалери, голманот Игор Алексовски, дефанзивецот Дин Аломеровиќ, Кире Маркоски, капитенот Крсте Велкоски, како и Марселин Гандо Биала, кој денеска стави потпис на нова двегодишна соработка.