
Нови заразени фудбалери во македонскиот фудбал – тројца позитивни во второлигашот Охрид
Охрид е последен кој регистрира позитивни на коронавирус, откако од појавата на Ковид-19, досега заразени имаше во Ренова, Шкендија, потоа во Македонија ЃП, Работнички, како и во третолигашите Росоман, Чаклани..., поради што баражите за влез во второлигашката конуренција беа откажани.
„Сакаме да Ве информираме дека тројца фудбалери од нашиот клуб се позитивни на вирусот ковид -19. Тестовите на сите чинители во клубот ги извршивме во четвртокот, а денеска ни стигнаа резултатите. Ние како клуб ги презедовме сите мерки и ги почитувавме протоколите, но невидлиот непријател бесчујно навлезе и во нашите редови. Од сега понатаму ќе ги следиме насоките од надлежните институции и ќе постапуваме согласно нивните инструкции“, објави Охрид.
Известување! Почитувани, Сакаме да Ве информираме дека тројца фудбалери од нашиот клуб се позитивни на вирусот ковид...
Posted by ГФК Охрид Лихнидос on Saturday, July 18, 2020