Најдобриот македонски судија ќе го суди неделното дерби Работнички - Шкендија

Најдобриот македонски судија Александар Ставрев, кој вечерва во Будимпешта ќе го суди мечот од Лига Европа помеѓу Ференцварош и ЦСКА Москва ќе биде главен арбитар на дербито од 14-то коло помеѓу Работнички и Шкендија, кое ќе се одигра в недела од 13 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.

Пресметката на дебармаалци и тетовци ќе го затворат 14-то коло, кое се игра в сабота во ист термин, поради настапите на македонските репрезентации во евроквалификациите. А-селекцијата ја чекаат завршните два меча со Австрија и Израел, младинската селекција има две гостувања кај Шпанија и Фарски острови, додека младинската репрезентација до 19 години игра квалификациски турнир во Скопје за пласман во елитната фаза со Англија, БиХ и Луксембург.

Дејан Јакимовски е главен арбитар на самотниот меч на колото помеѓу Ренова и Академија Пандев, додека Васко Мавров ќе му суди на лидерот Вардар на незгодното гостување во Струга. Марјан Маркоски е судија во Кратово во мечот Силекс – Шкупи, додека Димитар Мечкаровски е главен арбитар во Велес, каде Боре ќе ја пречека Македонија ЃП.

ПРВА ЛИГА, 14. КОЛО (13 ЧАСОТ)

САБОТА

КРАТОВО: Силекс – Шкупи (Марјан Маркоски)

ТЕТОВО: Ренова – Академија Пандев (Дејан Јакимовски)

СТРУГА: Струга Трим Лум – Вардар (Васко Мавров)

ВЕЛЕС: Борец – Македонија ЃП (Димитар Мечкаровски)

НЕДЕЛА

СКОПЈЕ: Работнички – Шкендија (Александар Ставрев)