На Пандевци им падна бинго, Шкендија – Победа во четвртфиналето во Купот

Академија Пандев го доби бингото за четвртфиналето во Купот на Македонија, откако денеска на ждрепката во ФФМ им падна единствениот второлигаш Кораби за противник во претпоследната елиминациска рунда во најмасовното домано натпреварување.

Ждрепката сакаше Шкендија и Победа да се судрат во оваа рунда, како и скопската премсетка на Македонија ЃП со Работнички, додека последната двојка е Силекс и Беласица. Четвртфиналните мечеви се закажани на 7 ноември од 13 часот, а реваншите ќе се играат на 5 декември од 13 часот.

Во оваа фаза, како и во претходната, во случај на нерешено по два меча, ако не одлучува гл во гости, директно ќе се изведуваат пенали.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ

1. Шкендија - 8. Победа

2. Силекс - 7. Беласица

3. Академија Пандев -6. Кораби

4. Македонија ЃП – 5. Работнички