Мојсов: Горд сум на моите фудбалери, овој успех не доаѓа преку ноќ!

Тиквеш го освои Купот на Македонија со победата од 2-1 против Воска Спорт во финалето, а тренерот Ѓорѓи Мојсов им чеситаше на неговите избраници.

Мојсов кажа дека заслужено го освоиле пехарот и посочи дека до ваков успех не се доаѓа преку ноќ, туку со напорна работа.

„Ова не е работа што доаѓа преку ноќ, ние од почетокот на сезоната зборувавме дека можеме да победиме секого ако играме како што знаеме. Ова е прв трофеј во историјата, но нема да застанеме, туку следната сезона ќе одиме на поголем успех“, кажа Мојсов.