Македонија У21: По дебаклот во Алмере да не си дозволиме кикс против Гибралтар!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година денеска ја очекува натпреварот против Гибралтар во рамките од квалификациите за Европското првенство.

Избраниците на Драги Канатларовски имаат лоши квалификации, а во минатото коло доживеавме вистински дебакл од Холандија со 5:0. Тоа беше натпревар во кој тешко поминуавме на половината на противникот и не упативме ниту еден удар кон противничкиот гол.

Токму затоа денеска ни е потребна победа против аутсајдерот во групата за колку толку да покажеме образ за следните циклуси.

Гибралтар е последен во групата и ние една од нашите две победи ги забележавме токму против оваа селекција. Имаме три бода повеќе, меѓутоа ефикасни сме колку и тие бидејќи имаме по три постигнати погодоци.

Натпреварот е закажан за терминот од 13:00 часот.