Македонија ЃП и ЦСКА Софија утре на тест меч со порака - не на насилството!

Македонија ЃП и ЦСКА Софија после летниот меѓусебен двомеч во Конференциската лига, ќе играат пријателски меч во ек на многу затегнатите односи на Македонија и Бугарија поради претепувањето на генсекот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, па заеднички утре ќе испратат порака – не на насилството.

Поради затегнатите односи во изминатиов период, бугарски екипи одбија да играат контролки со македонските прволигаши, како Пирин од Благоевград против Скопје, но „лавовите“ својата контролка со „армејците“ ќе ја одиграат, но и заедно се решени да испратат порака дека нема место за насилство и политика во фудбалот.

“ФК Македонија Ѓорче Петорв како фудбалски клуб, македонски бренд, од секогаш се залага за општенствена одговорност и без национална, етничка, или било каква друга дејност надвор од зелениот терен.

По заедничка иницијативата со фудбалскиот клуб ЦСКА Софија пред почетокот на натпреварот да излеземе во парола, со порака „НЕ ЗА НАСИЛТВО“ и дека политиката треба да биде надвор од фудбалот.

Двата клуба утрешниот натпревар ќе го одиграат во духот на пријателство и градење на фудбалски манири и доблести“, објавија ѓорчепетровци.