Љуботен дел од „Клубот на пионерите“ во светскиот фудбал (ФОТО)

Најстариот македонски фудбалски клуб Љуботен, кој годинава го прослави својот 100.роденден е дел од одбрана група на клубови кои се сметаат за пионери во играта. 

Љуботен е во друштво со Шефилд, кој е всушност и најстариот фудбалски клуб во светот формиран во 1858 година. Тука секако се и уште неколку клубови кои се најстари во своите земји како Џенова (Италија), Рекреативо Хуелва (Шпанија), Квинс Парк (Шкотска), Академика (Португалија) и други.