„Лавовите“ од Ѓорче први се тестираа на коронавирус

Македонија Ѓорче Петров е првиот клуб во Македонија кој направи тестови на коронавирус врз своите фудбалери, откако денеска мобилна екипа од приватната болница Аџибадем Систина им зема брисови за тестирање на „лавовите“.

Организацијата на тестирањето е во соработка со Синдикатот на фудбалери на Македонија (СФМ), кој уште од претходно најави дека ќе обезбеди бесплатни тестови за сите фудбалери. Во Ѓорче Петров денеска беше направена комплетно тестирање на сите, од фудбалери, стручен штаб до вработени во клубот и технички персонал.

Во следните денови треба да бидат познати сите резултати, а тестот доаѓа во момент кога ништо не е познато во македонскиот фудбал. Иако денеска требаше да почнат индивидуалните тренинзи, засега нема ништо од препораките на здравствените власти за тоа како да се изведуваат, ниту пак има најава кога би можеле да тренираат нормално.

ФФМ и клубовите денеска имаат состанок за да решат што понатаму со сезоната која повеќе од два месеци е во прекин поради епидемијата.

Мобилна екипа на Аџибадем Систина денес беше во просториите на ФК Македонија Ѓорче Петров. Тестирани на КОВИД-19 беа...

Posted by Синдикат на фудбалери на Македонија -Sindikat na fudbaleri na Makedonija on Monday, May 18, 2020