Актуелните македонски фудбалски шампионки Каменица Саса е победник на годинешниот Куп на Македонија во женска конкуренција откако денеска со 4-0 го збришаа АС Јунајтед во финалето за трфејот.

За каменичанки ова е прв трофеј во Купот на Македонија, а втор трофеј во историјата после ланската титула која ја освоија и играа во квалификациите за ЛШ (испаднаа од Јувентус).

Уште по осум минути игра победата ја најави бугарската репрезентативка Антонина Шопска, за Пејтон Чик да погоди во 21.та, а потоа Ленче Андреевска минута потоа, за шест минути во вториот дел (51.) да стави печат на триумфот со својот втор гол.