Историја за кавадарчани: Тиквеш на пенали го елиминира Шкупи!

Тиквеш славеше против Шкупи на пенали со 5-3 и така обезбеди прво финале во клупската историја во Купот на Македонија, каде што ќе се соочи против Воска Спорт која претходно ја елиминира Македонија ЃП.

Напаѓачите на двете екипи не беа прецизни во текот на регуларните 90 минути, иако се заканија по неколку пати на двете страни. Луан Силва се обиде двапати во првиот дел, а имаа шанси и Карчевски и Робертињо.

Шкупи во завршницата влезе во налет кон голот на кавадарчани, но Тиквеш успешно се бранеше и го издржа притисокот на екипата од Чаир, по што победникот се решаваше по изведување на удари од белата точка.

Дарко Илиевски беше несреќниот фудбалер кај Шкупи кој не реализираше удар од белата точка на почетокот на пенал-рулетот, по што Тиквеш славеше со 5-3.

Тиквеш во финалето на Купот на Македонија ќе се бори против Воска Спорт.