Грнчаров демантира заминување: Не мрдам никаде од мојот Вардар!
„Нема како да си заминам од Вардар. Зарем сега кога го имаме најдобриот резултат во историјата, би си одел од мојот клуб? Не мрдам никаде. Изјавата во Бугарија е несреќно пренесена, во стилот 'што би било кога би било'. Јас сум дете на Вардар, летово го продолжив договорот и презадоволен сум од сѐ“, вели вардаровиот капитен.
Тој ги искажа своите желби за ждрепката за групите на Лига Европа која ќе се одржи денеска во седиштето на УЕФА.
„Ги сакам Арсенал, за во Скопје да дојде гигант од Премиерлигата, потоа желба ми е да се паднеме со Копенхаген, за да му се одмаздиме за елиминацијата од Лигата на шампионите и Лудогорец, екипа која е многу добра, но сега веќе на ниво со кое може да се носиме ние. А и блиску се географски, таман ќе има инвазија на наши навивачи“, додаде Грнчаров.