
Голем пожар на тетовскиот стадион – изгореле и столчиња на трибините (ВИДЕО)
Пожарот на тетовскиот стадион избувнал вчеравечер и цели 70 минути противпожарната единица во Тетово се борела со огнената стихија за да го локализира и згасне пожарот. Причинета е материјална штета, а четири возила со девет пожарникари го гаснеле пожарот кој го зафатил стадионот.
„Изгореа и дел од столчињата на стадионот. На почеток бевме доведени во опасност поради 'фрлање на струја', односно ненадеен проток, кратки споеви, експлозии и бидејќи водата е спроводник не можевме веднаш да интервенираме и тоа го сторивме откако беше исклучена струјата. Со употреба на пена спречивме понатамошно прошириување на огнот“, рекол командирот на противпожарната бригада Ука Алити.
Тетовскиот стадион уште од 2016 година имаше проект за да се реновира, кога ФФМ со општината и УЕФА потпишаа трипартитен договор за комплетно реновирање, но од тоа ништо не се случи освен промената на теренот, а и газдата на Шкендија, Лазим Дестани со својата компанија Еколог имаше цел да го реновира стадионот и да го направи „Еколог Арена“, но ни тоа засега не успеа.