Гоце Седлоски промовиран во нов тренер на Работнички!
Тој доаѓа на местото на Милан Илиевски, кој беше сменет по серијата лоши резултати на дебармаалци. Последен клуб за популарниот Седло е албанскиот прволигаш Влазнија, а надвор од државата ги има предводено уште и Рига, Широки Бријег и вториот тим на Динамо Загреб.
Работнички по 14 кола е на шестата позиција на табелата со 19 бодови, што е плод и на двете победи во последните две кола додека управата бараше нов тренер по заминувањето на Илиевски.