ФФМ ќе избира и најдобар фудбалер во - женски фудбал!

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги објави номинациите за најдобрите од изминатата сезона. 

Една категорија е посебно интересна и тоа поради фактот како е именувана. „Куќата на фудбалот“ ќе избира најдобар фудбалер во женски фудбал! Колку што знаеме ние во женскиот фудбал играат фудбалерки, а не фудбалери, бидејќи номинираните се девојки и се викаа Афродита Салихи, Ленче Андреевска и Викторија Панчурова.

За најдобар тренер се номинирани Ќатип Османи, Југослав Тренчовски и Александар Васоски. Во конкуренција за најдобар фудбалер во домашното првенство за минатата сезона се Владица Брдаровски, Висар Муслиу и Љупче Дориев.

Комплетната листа на номинации можете да ја видите ТУКА.