ФФМ и МВР наредија: Вардар и Тиквеш ќе играат без публика!
Мечот е презакажан за вторник, но тој ќе се игра без публика и покрај тоа што навивачите на Вардар најавуваа присуство во голем број.
„Фудбалскиот клуб Вардар ги информира своите навивачи, како и целокупната јавност, дека согласно одлуката донесена од страна на Комисијата за натпревари на ФФМ, а по барање на МВР, натпреварите од 17 коло од ПМФЛ, ќе бидат одложени.
Поради тоа, натпреварот против екипата на Тиквеш ќе биде одигран на 03.12.2024, во вторник, на Арената ,,Тодор Проески”, без присуство на публика. Натпреварот ќе започне во 13:00“, пишува во соопштението на Вардар.
Не е исклучено и останатите натпревари од 17. коло да се играат без присуство на публика, како превентива од несакани моменти што и беше основна причина за одложувањето на овој круг од првенството.