
Две дербија во осминафиналето од Купот: Вардар против Шкупи, Работнички со Шкендија
Црвено-црните се апсолутни фаворити против чаирчани, кои по првите три кола имаат очаен учинок во Првата лига, но набиениот распоред за вардарци ќе биде проблем за дуелите, кои носат голем притисок поради зовриените навивачки страсти. Работнички ќе се обиде да ја шокира Шкендија, која важи за фаворит и одлично тргна во новата сезона.
Во другите мечеви, бранителот на трофејот Пелистер го доби велешки Борец, а Ренова незгодниот и амбициозен второлигаш Струга Трим Љум.
Според календарот дуелите се играат на 13 септември и 18 октомври, но за Вардар ќе се бараат дополнителни термини, затоа што ден подоцна од предвиденото ги има своите домашни мечеви со Зенит односно Реал Сосиедад.
ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ
Брегалница – Победа
Работнички – Шкендија
Кожув – Тетекс
Скопје – Еуромилк
Пелистер – Борец
Силекс – Академија Пандев
Вардар – Шкупи
Ренова – Струга Трим Љум