Детонит ја сопна Слога во Виница, Победа се доближи на два бода од лидерот

Детонит јуниор неочекувано денеска ја сопна Слога 1934 успевајќи да извади бод со ремито 1-1 во Виница, па прилепска Победа која со 3-1 славеше во Кочани Осогово го искористи киксот за да дојде на два бода од лидерот после претпоследното есенско коло во Втората лига – Исток.

Иако виничани поведоа и тоа многу рано после само шест минути со гол на Христијан Крклински, Петар левков на средина од вториот дел ги шокираше (64-та минута), по што Слога не успеа вторпат да дојде во водство и да победи за практично и да ја обезбеди есенската круна во оваа второлигашка конкуренција на Истокот.

Победа, пак, после два порази се врати на победничкиот колосек и сега пак е втора со два бода заостаток зад лидерот, откако Давид Јошески уште по две минути ја најави победата, а потоа во 120 секунди во вториот дел прилепчани со два гола го обезбедија триумфот. Само што Осогово израмни преку Тоше Манов во 57-та минута, Филип Стомнароски во 61-та, па Бојан Спиркоски во 63-та дадоа два гола за конечната победа.

Каменица Саса, која до ова коло беше втора ремизираше без голови со Беласица, братство Житоше во дербито на Дното ја прегази Локомотива Градско со 4-1, а Кожув со 2-1 победи против Кит Го.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК

Братство Житоше – Локомотива Градско 4-1, Осогово – Победа 1-3, Слога Виница – Детонит јуниор 1-1, Каменица Саса – Беласица 0-0, Кожув – Кит Го 2-1

ТАБЕЛА: Слога Виница 31, Победа 29, Каменица Саса 28, Беласица 25, Кит Го 19, Осогово 18, Кожув 17, Детонит Јуниор 15, Братство Житоше 7, Локомотива Градско 6.