Дарко Додев замина од Шкупи и потпиша за Силекс

Македонскиот прволигаш Силекс го претстави првото засилување за следната сезона, откако потпиша договор со Дарко Додев.

Додев доаѓа во Силекс од редовите на Шкупи, каде што играше во втората половина од минатата сезона.

Крилниот напаѓач и претходно играше за Силекс во кариерата, а ги носеше и дресовите на Брегалница, Металург, Тиквеш и албанска Влазнија.