Брегалница убедлива на „генералката“ пред стартот на Првата лига
Брегалница до победата дојде во завршните десет минути од мечот, кога практично со два гола го заверија триумфот во кои Бобан Георгиев во 80-та и Љупче Кудев во 89-та минута погодија двапати, откако уште по 12 минути игра Мартин Стојанов го отвори резултатот.
Со овој триумф Брегалница полна со самодоверба и со големи амбиции го чека стартот на новата сезона после враќањето по неколку години во второлигашка конкуренција, па сега пред штипјани е првиот предизвик идниот викенд со еден од првите кандидати за титулата, чаирски Шкупи.