Бесценето: Реакцијата на Модриќ кога првпат му ја покажаа „златната топка“ (ВИДЕО)

Лука Модриќ синоќа во Париз се круниса за најдобар светски фудбалер, ја освои и „златната топка“ и ја прекина децениската доминација на Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Победи Хрватот убедливо во гласањето на изборот во организација на магазинот „Франс Фудбал“.

Најпосакуваната награда се доделува од 1956 година, а традиција е за разлика од филмските „оскари“ победникот однапред да биде известен дека е добитник. Така Модриќ знаеше дека ќе ја освои најпрестижната награда и пред гала-церемонијата, главниот уредник на „Л'Екип“ и „Франс Фудбал“, Паскал Фере му ја покажа наградата.

А, Модриќ откри дека кога му се јавиле дека е добитник – се расплакал.

„Каков е впечатокот кога ќе го видиш ова“, го прашал Фере.

„Прекрасно! Еден од најубавите трофеи“, воодушевен рекол Модриќ, па продолжил: „Кога ми се јавивте и ми кажавте – се расплакав“.

Модриќ победи во изборот пред Кристијано Роналдо и Ентоан Гризман.