
Арсими се засили со напаѓач од Нигерија
Се работи за фудбалер кој го познава македонскиот фудбал бидејќи претходно настапуваше за Воска, а во својата кариера има играно во клубови од Турција, Египет, Албанија и Нигерија.
Сикиру Олатунбосун е крилен напаѓач, има 29 години, па Арсими се надева дека ќе има корист од неговото знаење и искуство.