"Ако ФФМ не го прекине првенството ќе значи дека ја одобрува и учествува во нерегуларноста!"

Двете победи по ред на Беласица во битката за опстанок и тоа над големите фаворити Шкендија и Академија Пандев, за кои во јавноста се шпекулираше дека се сомнителни со нереално мали коефициенти за триумф на аутсајдерот, предизвика остра реакција кај директниот конкурент на струмичани, Силекс.

Кратовци преку соопштение до јавноста бараат прекин на првенството и негово прогласување за нерегуларно, како и казни за инволвираните. А, ако ФФМ не го стори тоа, се закануваат со напуштање на првенството. Соопштението ви го пренесуваме во целост.