Златната генерација на Ц. Звезда меѓу 20-те најдобри тимови на сите времиња

Златната генерација на белградска Црвена Звезда од 1991 година со македонските легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски, која стана европски и светски првак се најде во изборот на најугледниот шпански весник „Марка“ за 20-те најдобри фудбалски тимови на сите времиња.

Ц. Звезда ја освои Европа, а потоа се искачи и на „фудбалскиот Монт Еверест“ во фудбалски најдобрата, а политички најтрагичната година во регионов, откако во таа година почна и крвавиот распад на поранешна Југославија. Под палката на Љупко Петровиќ, неверојатната генерација со Најдоски, Белодедиќ, Михајловиќ, Југовиќ, Просинечки, Савиќевиќ, Панчев се стана европски првак во Бари по триумфот на пенали против Олимпик Марсеј (5-4), а „златната копачка“ во таа 1991, Панчев го постигна решавачкиот гол за најголемиот успех на југословенскиот фудбал.

Во изборот на „Марка“ на најдобрите тимови на сите времиња, тука е Барселона на Пеп Гвардиола, па Реал Мадрид на Зинедин Зидан, Милан предводен од Ариго Саки, па Реал Мадрид со Алфредо Ди Стефано и „кралевите“ со страшната четворка – Мичел, Бутрагењо, Уго Санчез и Гордиљо, Ајакс во ерата на Јохан Кројф, Хонвед на Ференц Пушкаш, Баерн Минхен од 70-те со Франц Бекенбауер, „безбиевите бебиња“ на Манчестер јунајтед, Сантос на Пеле, сензацијата над сите сензации Нотингем Форест со Брајан Клоф, Пењарол, Бенфика со Еузебио, Интер со Хеленио Херера, машината Ривер Плејт, Ливерпул на Боб Пајсли, „Граната Торино“, Борусија Менхенгладбах од 70-те, француски Ремс од 50-те, како и Хамбургер со Кевин Киген и Магат.

Белградскиот великан во анкетата за најдобар тим на сите времиња има 6,4 илјади гласови и моментно е седми на листата, а прва е Барселона од ерата на Пеп Гвардиола и почетокот на страшната доминација на Лионел Меси.

Целиот избор на „Марка“ и анкетата може да ја погледнете ТУКА.