Жестока реакција на ФИФА: Грците остануваат без членство и настап во европските натпреварувања!?
На овој настан не остана имуна Меѓународната фудбалска унија, која го предупреди грчкиот фудбалски сојуз дека би можел да биде исклучен од членството во истата, а тоа би значело дека репрезентацијата, но и клубовите не би можеле да се натпреваруваат во рамки на ФИФА и УЕФА натпреварувањата.
„ФИФА комитетот одговорен за надгледување на грчкиот фудбалски сојуз најостро ги осудува неодамнешните случувања во Грција и ги повикува сите фудбалери веднаш да делуваат за завршување на неприфатливата ситуација во грчкиот фудбал.
Иако неодамнешните случувања беа во рамки на национална организација, што значи дека дисциплински мерки се во надлежност на судското тело на грчката фудбалска лига, сепак ФИФА внимателно ги следи настаните и чека примена на соодветни мерки.
Неуспешно превземање на соодветни мерки на надлежните органи за елиминирање на секаков вид на насилство, би го сметале за неодговорно дејствување на грчкиот фудбалски сојуз, па во тој случај може да дојде до исклучување од членство во ФИФА на Грција“, пишува во соопштението.