„Земјотрес“ во Белград: Мијатовиќ го напушти Партизан!

Предраг Мијатовиќ повеќе не е потпретседател на Партизан, откако легендарниот фудбалер реши да поднесе оставка на функцијата по седницата на српскиот гигант.

Еден од најпознатите фудбалери на Партизан и член на раководството по две години поминати во Белград реши да се повлече во еден од најтешките моменти за Партизан.

„Мислам дека имаше добри и конструктивни дискусии, за на Партизан да му биде подобро и на крајот да одлучиме во кој правец ќе одиме. Добив доверба од Собранието и тоа ме загрижува. Го слушав претседателот Љајиќ и се сложувам дека треба да се тргне во поинаков правец и да се мисли на Партизан. По четири месеци препукувања и сè останато, не знам како би почнал нов ден. мислам дека Срѓан Благојевиќ не е адекватен за спортскиот проект на Партизан. Вратен е против мојата одлука, па поради тоа сметам дека е најдобро да заминам“, објави Мијатовиќ.

Партизан оваа сезона ја заврши на третата позиција во Србија, зад Војводина и Црвена Звезда.