
Вучиќ ги обедини најголемите ривали: За првпат го навредуваа и на „Маракана“ (ВИДЕО)
Гостите од Кипар на „Рајко Митиќ“ славеа со 2-1, а по завршувањето на натпреварот на стадионот на Звезда за првпат можеше да се слушне скандирање против претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој беше присутен во ложата на стадионот заедно со генералниот директор на црвено-белите, Звездан Терзиќ.
Еден ден претходно навреди за Вучиќ можеа да се слушнат и на стадионот на Партизан во натпреварот од домашното првенство.