Во Динамо не се шегуваат - Гоце Седлоски е во самоизолација!

Тимот Б на Динамо Загреб почна со подготовките за второлигашката сезона, меѓутоа составот не е комплетиран бидејќи тренерот Гоце Седлоски не работи со играчите затоа што е во самоизолација.

Хрватскиот тим сериозно ги сфати мерките и препораките околу Ковид-19, па тие се многу внимателни за да спречат влез на вирусот во екипата.

Секако, не може да влијаат на тоа со кого играчите се дружат надвор од тренингот и стадионот, но затоа препорачаа на сите кои ќе дојдат од странство, односно нивните држави, да заминат во 14-дневна изолација.

Седлоски пристигна од Македонија, каде што има голем број на активни случаи на вирусот, па поради тоа мораше да оди во изолација, но на почетокот на следната недела ќе почне да работи со екипата.