Вардарово дете е откритие на сезоната во Бугарија!

Вардаровото дете Марио Илиевски, кој има само 18 години и пред една година се пресели во Бугарија е откритие на сезоната, откако даде седум гола за софиски Септември во Втората лига кај источниот сосед.

Илиевски го мина младинскиот погон на црвено-црните, во во целокупниот хаос во македонската гордост лесно си замина како десетици други тинејџери и надежи на црвено-црните, па сега своите квалитети ги покажува во бугарскиот фудбал, а со настапите полека го врти вниманието кон елитните клубови кои лесно би можеле наскоро и да го грабнат.

Младиот екс-вардарец на последниот меч со Нефтохимик даде два гола за да дојде до бројката од седум погодоци.

„После еден контролен меч со младинската селекција на Македонија, ме виде Септември и стапи во контакт со мене. Им се допаднав за време на мечот и дојдоа да разговараат. Тоа беше уште во 2018 година, но тогаш немав право да играм, па ме дадоа на заем во Тиквеш и после тоа се вратив во Септември. Уште од првите денови тука, тимот направи да се чувствувам како дома и ми помагаа за сѐ“, вели Илиевски.