Торцида запали 1.000 факели во чест на Хајдуковиот рекорд! (ВИДЕО)

Во Сплит вечерва беа запалени 1.000 факели во чест на рекордниот број на членови на Хајдук (100.000). Навивачката група Торцида најпрво им даде поддршка на фудбалерите пред дербито против Динамо Загреб, а потоа направија спектакл.

Голем број навивачи беа на денешниот тренинг, а потоа буквално го „запалија“ Сплит. 

Хајдук утре од 18 часот на „Полјуд“ ќе се соочи против вечниот ривал Динамо со кој и оваа сезона ќе се бори за титулата.