
Тажна сцена пред стадионот на Нови Пазар, во главна улога - Адем Љајиќ! (ВИДЕО)
За Нови Пазар ова беше историски меч бидејќи првпат настапуваат во едно европско натпреварување. Билетите беа распродадени, стадионот беше полн.
Јагиелонија поведе, Нови Пазар изедначи и во последните минути напаѓаше за победа, но наместо тие да дадат гол во 95. минута се случи шок, примија гол, полскиот тим си замина со победа од 2-1.
Еден од најдобрите на теренот беше главната ѕвезда на Нови Пазар, Адем Љајиќ. По мечот тој видно разочаран сам, пешки го напушти стадионот и се упати кон својот дом.
Ова видео од разочараниот Љајиќ кој со наведната глава сам заминува од стадионот стана вирално на социјалните мрежи.