Стојановски го напушта Ним и се сели во Хрватска

Хрватските медуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски во понеделник ќе го напушти Ним и ќе се пресели во хрватската Прва лига, односно во тимот на Горица.

Стојановски пристигна во француската екипа во 2019 година, но сега се враќа во Хрватска, каде што во минатото настапуваше за неколку екипи, меѓу кои и Сплит и Дугопоље.

Македонскиот напаѓач во Франција постигна два гола, и тоа во Купот, а исто така постигна два погодоци за македонската фудбалска репрезентација на девет настапи.