Српски урнебес: Десет минути се тргaла парола за ФСС и Ц. Звезда на празен стадион (ФОТО)

Белградска Црвена Звезда вчера се круниса за шампион, ја закачи 31-та ѕвездичка после само една победа по рестартот на сезоната, па главниот ривал на црвено-белите Партизан денеска само формално почна да ги игра четирите преостанати мечеви. И на првиот, мечот доцнеше десет минути поради урнебесен момент.

На својот стадион, кој секако беше празен поради забраната за јавни собири по пандемијата со коронавирус, навивачите „Гробари“ имаа закачено транспарент против фудбалскиот сојуз (ФСС) и Ц. Звезда, за кои одамна ги обвинуваат дека се во спрега. Транспарентот направи толкав „проблем“, што не можеже мечот навреме да започне, а за некое чудо уште и десет минути им требаше за да го откачат.