Српски навивачи го обвинија Пикси дека пијан одржал прес-конференција (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија минатиот четврток во второто коло од групата „Ц“ на Европското првенство на „Алијанц Арената“ ремизираше со Словенија 1:1. Србите во тој натпревар се спасија од пораз со голот на Лука Јовиќ во 95. минута.

Така Србија по поразот од Англичаните Србите дојдоа само до бод и сега за пласман во последното коло им е потребна победа против Данска. Тој натпревар се игра утре од 21:00 часот во Минхен.

Пред натпреварот зборуваше селекторот Драган Стојковиќ-Пикси, но освен неговите изјави внимание привлекоа коментарите на навивачите под видеото објавено на официјалната страна српската репрезентација.

Голем дел од навивачите го обвинија Пикси дека се појавил на прес-конференцијата во алкохолизирана состојба или пак под дејство на некакви опојни супстанци.

„Ау, колку е мамурен“, „Или е нонстоп пијан или е под дејство на сериозни лекови“ „Овој човек е дискутабилен, неповрзан, нема поим што сака да каже. Можеби е најдобар одраз каква ни е репрезентацијата“, се само некои од коментарите.