Сплит го сака Хајдук како никој друг на Балканот – рекордни 100 илјади членски карти!
Првпат во својата клупска историја, Хајдук дојде до бројка од 100.000 членови, а целта на „билите“, каде од неодамна игра македонскиот репрезентативец Александар Трајковски е да дојдат до 112.000 членови, симболично за 112 години постоење на хрватскиот великан.
Самиот факт дека Хајдук има 100.000 членови го става овој клуб меѓу 20-те клубови со најбројно членство во Европа, на врвот се Реал Мадрид, Барселона, Порто, Бенфика, Спортинг Лисабон со над 300.000 членови, а на пример во Германија само шест клубови имаат над 100.000 членови – Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Келн, Ајнтрахт Франкфурт, Шалке и Хамбургер.
Чланарината во Хајдук изнесува 20 евра, што значи дека само од чланарина „билите“ имаат приход од 1,2 милиони евра, а вкупната заработка е над 1,6 милиони евра, зашто имаат над 20.000 членови со претплатни билети, плус донатори кои откупуваа акции „за сите времиња“.