Синот на српска легенда и екс-репрезентативец фатен со 115 килограми кокаин

Српските медиуми објавија дека две лица се уапсени во Амстердам откако биле фатени со 115 кг кокаин, а еден од нив е Душан Петковиќ, син на српската легенда Илија Петковиќ кој во 2006 година на Мундијалот во Германија од селекторското столче ја предводеше селекцијата на Србија и Црна Гора.

„Блиц“ објави дека Петковиќ бил уапсен во заедничка акција на Обвинителството за организиран криминал на Србија, како и Белгија и Холандија, при што лисици на рацете добиле и осум други лица.

Според информациите, Петковиќ и неговите другари од криминалната група од територија на Јужна Америка организирале транспорт на поголема количина дрога во Ротердам, по што ја преместувале во белгиски Арлон.

При интервенцијата на полицијата во магацин во Арлон биле пронајдени 103 пакетчиња кокаин со вкупна тежина од 115 килограми.