Селски фудбал: Судија „уловен“ како зема мито од навивач во износ од – 10 евра (ФОТО)

Бизарен скандал деновиве го „тресе“ фудбалот во БиХ, откако е суспендиран судијата Захид Ѓедовиќ од Тузла поради земање мито од навивач среде натпревар и тоа вои износ од – 10 евра.

Неговата суспензија доаѓа откако фотографија од чинот на поткупување се појави на социјалните мрежи, по што Комисијата на фудбалскиот сојуз на Кантонот Тузла одлучи да спроведе итна истрага за случајот и да покрене дисциплинска постапка.

Фотографијата е направена на неделниот меч помеѓу Добој Исток и Младост Пурачиќ, но контекстот и дали се работи за шега остануваат нејасни, иако поведената постапка покажува дека работата е сериозна.