Сè уште никој во Партизан не знае каде е Фусени Дијабате!

Помина и првото коло со клупски натпревари по репрезентативната пауза, а Фусени Дијабате уште го нема во Партизан. Не само што го нема, никој во клубот му ја немал трагата на Малиецот, иако пред неколку дена соопштија дека, наводно, го очекуваат да дојде во Блеград во недела (вчера).

Напаѓачот ниту се појавил вчера, ниту пак има прогрес во информациите каде би можел да биде. Последниот натпревар за Партизан го одигра на 17 март, а потоа бил ослободен поради повик од репрезентацјата на Мали. Првите знаци дека нешто не е во ред дојдоа кога Дијабате не се појавил воопшто на собирот на неговата репрезентација.

По репрезенативната пауза не се врати во Белград, како останатите интернационалци, а на прес-конференцијата пред дербито со Војводина во саботата (Партизан го загуби со 1-2), тренерот Игор Дуљај призна дека ни самиот нема никаква информација за него. Неколку часа подоцна клубот се обиде да ја ублажи работата, соопштувајќи дека фудбалерот имал смртен случај, па ќе се врати во недела.

Сега, откако и тоа пропадна, се бараат нови чекори за да се најде фудбалерот. Ова не е прв ваков случај со него, бидејќи уште кога потпиша, минатото лето, заминал од Белград со објаснување дека треба да оди до Франција „да си земе некои ствари“, па ќе се врати за еден ден. Ја ангажирале Горската спасувачка служба за да го најде пет дена подоцна. Пред Нова година, самиот си дал пауза за католички Божиќ и на подготовките дошол осум дена подоцна.

Сепак, не е исклучено дека можеби овој пат се случува нешто друго.