
Се продава мобилен број со датумот за гордост на секој звездаш, цената е „само“ – 5.000 евра!? (ФОТО)
Верувале или не, на еден сајт „купувам-продавам“ се продава број со датумот што е гордост на секој звездаш. Непознат огласувач го продава 29-5-1991 со префикс 065 за неверојатни – 5.000 евра.
„Овој број никогаш не се заборава, како и датумот од нашиот најголем клупски успех во историјата. Овој број ќе се продава и ќе го купи само тој што ја знае неговата вредност и кој ќе успее да ја препознае големината и суштината, а секако тој што има пари, зашто цената е фиксна од причина поради тоа што бројот е од непроценлива вредност“, стои во објаснувањето за продажбата на телефонскиот број.