
Ристовски доби помрачување и фати за гуша противнички играч (ВИДЕО)
Синоќа, „модрите“ одиграа нерешено на гостувањето кај Риека во меч во кој два пати водеа, а загубија два бода со гол во 89. минута. Во центарот на вниманието беа македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми и покрај тоа што ниеден од двајцата не успеа да постигне гол.
Ристовски доби помрачување во финишот од првото полувреме и тоа во моменти кога неговиот Динамо водеше со 1-0. По еден дуел на средината на теренот, тој фати за гуша противнички фудбалер и нервозно мавташе кон него за што доби жолт картон иако домашните играчи бараа исклучување. Хрватските медиуми тврдат дека кога заминувал кон соблекувалната на крајот од првото полувреме Ристовски плачел, а и нервозно гестикулирал кон навивачите на Динамо.
Наплив на бес имал и Адеми, но не толку тежок како Ристовски. Играчот од средниот ред нервозно удрил во реклама и ја скршил, а и тој натпреварот го завршил со жолт картон.