Репрезентативецот Шишковски промовиран во кипарска Докса (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски официјално денеска е промовиран за нов чувар на мрежата на кипарска Докса, кој е четврти негов клуб во кариерата во странство, а повторно заминува од матичниот Работнички.

Од поодамна беше јасно дека Шишковски во новата сезона нема да брани за дебармаалци, па денеска Докса го официјализираше неговиот трансфер и го промовираше за свое ново летно засилување.

Шишковски целата кариера во Македонија ја мина во Работнички, каде бранеше и изминатата сезона, а во странство беше дел од белгиски Гент и финските Лахти и РоПС.

Тој е трет голман во репрезентацијата и постојано на списокот на Игор Ангеловски заедно со Столе Димитриевски (Рајо Валјекано) и Дејан Илиев (Јагелонија, на заем од Арсенал).

Posted by DOXA Katokopias FC - Official on Friday, July 10, 2020