Просинечки губеше „како Грчка“, но и покрај тоа останува селектор на Црна Гора!
Црногорците имаа серија од пет порази по ред – два од Исланд, два од Велс и еден од Турција, пред да го завршат настапот во групата Б со победа против Турција (3-1) во Никшиќ.
Популарните „соколи“ месецов ќе ги дознаат противниците во квалификациите за Светското првенство 2026 година, кои ќе почнат во март или септември, зависно од тоа дали Црна Гора ќе биде во група со четири или пет тима.