Проблеми за Партизан: Помошникот одби да ја води екипата против Ц. Звезда!

Тренерот на Партизан, Игор Дуљај поради жолти картони не може да го предводи својот тим во вечното дерби против Црвена Звезда, но тоа не е единствен проблем за поранешниот српски шампион.

Партизан планираше улогата на предводник да му ја препушти на Алберт Наѓ, но првиот помошник на Дуљај го одбил предлогот и тоа е голем проблем за „црно-белите“:

Наѓ е единствениот во стручниот штаб кој има Про-лиценца и може да ја води екипата, но засега од непозната причина одбил да го замени суспендираниот тренер.

„Црно-белите“ во моментов имаат седум бодови помалку во однос на лидерот Ц. Звезда, а дербито меѓу екипите е закажано за сабота од 18 часот.