Постигнале гол првпат по две и пол години, имаат гол разлика 1-102!

Никој не се радува на еден единствен гол, ако тој е постигнат во пораз од 1-13...освен нисколигашот Полет од Хрватска.

Тимот на Полет од Глоговница, се натпреватува во третата копривничко-кривежевачка жупаниска лига, каде што, се разбира, се игра аматерски фудбал, но очигледно овие од Полет се поаматери од другите.

Причина за тоа е нивната трајна неспособност да постигнат гол, која завршила - викендов. По пауза од две и пол години, односно од 21 мај 2021, Полет постигнал гол и ја прекинал својата црна серија. Иронијата се погрижила овој гол да биде постигнат во пораз со 1-13, колку што загубиле и на 21 мај 2021 - 1-13.

Нивниите противници од Пригорје знаеле дека имаат сигурни бодови на овој натпревар, имајќи предвид дека Полет Глоговница влегол во мечот со гол-разлика 0-89. Сега таа е малку подонстоинствена, бидејќи нема нула...ако не се смета онаа во стотката 1-102.