Падна договор: Динамо Загреб продаде играч во Серија А за - голема сума!

Динамо Загреб уште еднаш покажа дека знае како да продава играчи за многу пари, договорен е трансферот на Мартин Батурино во Комо.

22-годишниот фудбалер кој игра на позицијата офанзивен играч за врска, од следната сезона ќе настапува за Комо.

Двата клуба денеска си подадоа рака. Динамо Загреб го продава фудбалерот за 18 милиони евра со можност сумата со бонуси да дојде до 25 милиони евра.

Батурина ќе стави потпис на договор до јуни 2030 година, наскоро ќе ги мине медицинските тестови и ќе стави потпис на договорот.

Фото: X/GNK Dinamo Zagreb