Очекувано и заслужено: Јаховиќ во тимот на колото во турската Суперлига (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ, кој вчера даде два гола за победа на Гецтепе со 2-1 против Газиантеп, сосема очекувано и заслужено се најде во тимот на 15-то коло во турската Суперлига.

Јаховиќ кој даде три гола во последните два меча, беше клучен за триумфот на неговиот тим обезбеден токму со неговите два гола, а тие се надополнување дека фати одличен гол-ритам во Турција и тоа веднаш откако после повредата поради која ја прескокна завршницата од мундијалските квалификации, прво погоди против Фенербахче за бод, а сега даде два за триумф.

Јаховиќ има пет гола досега во сезонава во Турција.